Еднаквоста пред се – 285 НБА кошаркари ќе го сменат „презимето“

НБА лигата им дозволи на кошаркарите да наместо презимето на грбот на дресовите да носат слогани со поддршка за еднаквост. Како што пренесуваат американските медиуми дури 285 од вкупно 350 кошаркари кои ќе бидат дел од завршницата на НБА во Орландо, се изјасниле дека сакаат да направат промена на дресовите. Само 17 од нив се изјасниле дека нема да носат порака на својот грб и дека ќе го задржат нивното презиме, а останатите останаа неизјаснети.

Како што се наведува најпопуларен слога е „Еднаквост“, додека веднаш зад него е „Црните животи се важни“. Слоганите кои НБА исто така ги одобри се и „Кажете ги нивните имиња“, „Не можам да дишам“, „Правда“, „Мир“, „Слобода“, „Анти-расиста“…

НБА лигата ќе продолжи на 30. јули во Орландо со 22 екипи со кои ќе се комплетира регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...