Едно е сигурно: Мхитаријан ќе „побегне“ од Рома поради Мурињо

Хенрик Мхитаријан ќе биде еден од првите фудбалери што ќе си заминат од Рома во текот на летово, со оглед на лошиот однос што ерменскиот репрезентативец го имаше со Жозе Мурињо во периодот минат во Манчестер Јунајтед.

Двајцата соработуваа во Јунајтед во периодот од 2016 до 2018 година, но Мхитаријан нема убави спомени од тоа време, кога најпрвин беше оставен на трибини на шест натпревари во низа, а потоа испратен во Арсенал во директна размена за Алексис Санчез.

„Еднаш Мурињо дојде на доручек и ми кажа дека јас сум бил виновен што новинарите го критикувале. Му одговорив дека не сум го направил тоа намерно, но не помогна… Тој е најтешкиот тренер со кого имам работено во кариерата. Цело време ме критикуваше, не ми даваше шанса, а кога го прашав зошто ми рече дека не сум доволно активен на тренинзите. Тогаш знаев дека веќе немам што да барам во Манчестер, него никогаш нема да го задоволам“, изјави Мхитаријан.

Ерменецот станува слободен играч летово, чениците на Рома му испратија нова понуда за продолжување на соработката, но доаѓањето на Мурињо на тренерската функција ќе стави крај на надежите дека Мхитаријан би можел да остане на „Олимпико“.

Се вчитува...