Едно полувреме за Пандев во ремито на Џенова со Нант

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го одигра второто полувреме за Џенова на пријателскиот меч против францускиот Нант кој заврши без победник 1-1.

Џеновјаните поведоа со голот на Лукас Лерагер во 32. минута, а конечните 1-1 ги постави Лукас Лима во 84. минута. Нашиот капитен во игра влезе во 47. минута и го одигра целото второ полувреме.

Во првото коло од новата сезона во Серија А, Џенова ја очекува тешко гостување на „Олимпико“ кај Рома.

 

Се вчитува...