Најдобриот тенисер на денешницата Јаник Синер продолжува да испишува историја на Мастерс турнирите каде што сезонава е непоразен, а на титулите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид, ја додаде и таа во Рим.
Италијанецот денешна на домашен терен во „Форо Италико“ во големото финале славеше над Норвежанецот, Каспер Руд со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.
Со овој триумф Синер ги обедини сите мастерс титули (нешто што никогаш во кариерата не успеаја Федерер и Надал), а стана и најмладиот тенисер на кого ова му тргнало од рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
