Едуарда Аморим со скршен прст го „скршила“ Вардар во финалето

Едуарда Аморим Талеска беше главниот адут на Ѓер во победата против Вардар за нова титула во големото финале на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Аморим го постигна првиот гол на финалето, но и клучните погодоци за продолженија, а потоа и за триумф на Ѓер.  Подвикот на поранешната ракометарка на Кометал ЃП и македонска снаа, е уште поголем откако се дозна дека Аморим финалето го доиграла со скршен прст на десната шутерска рака.

Не е ништо, само го скршив малиот прст на раката. Се случи на крајот од второто полувреме, се обидов да прифатам топка, почувствував како прстот ми излезе од лежиштето. Набрзина го вратив на место и продолжив да играм. Не почувствував болка во прв момент. Потоа го прилепив со другиот прст и така го доиграв натпреварот“ – изјави Едуарда Аморим за унгарските медиуми.

Повредата на бразилската репрезентативка била санирана дури по завршувањето на целата церемонија после финалето и пред –конеференцијата на која присуствуваше и Аморим. На прославата на титулата во Ѓер, ракометарката се појави со гипс на раката.

Се вчитува...