Едвин Џексон повторно во дресот на Барселона

Кошаркарскиот клуб Барселона по три години го врати Едвин Џексон во своите редови. Францускиот кошаркар го напушти кинескиот клуб Гуандонг тајгерс и потпиша договор со „каталонците“ кој ќе важи до крајот на сезоната.

Џексон на 24 натпревари за Гуандонг бележеше просек од 15.8 поени, 4.5 скока и 4.2 асистенции по натпревар, а покрај Барса во шпанската лига ги бранеше боите на Уникаха Малага и Естудијантес. Во сезоната 2016/2017 Џексон беше најдобар поентер во шпанската лига со просек од 21.4 поени по натпревар.

Со 10 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната во Евро – лигата, Барселона има скор 7-13 и се соочува со елиминација од разигрувањата, па се надеваат со ангажманот на 28-годишниот француски шутер ќе добијат на квалитет во нападот.

Се вчитува...