Ефект на најдобрите фудбалери во новата сезона: Во три натпревари Роналдо запиша четири гола, Меси нула

Споредбата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси е неизбежна, и покрај фактот што тие не играат во иста лига веќе четврта сезона.

Португалецот се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед ова лето и веќе постигна четири гола на три натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, додека Меси се уште го чека својот прв гол за ПСЖ.

Капитенот на аргентинската репрезентација дојде во главниот град на Франција како слободен играч од Барселона, а досега има одиграно три дуели за „светците“.

Меси одигра многу добар натпревар во неделниот дуел од Лига 1 против Лион, во 37. минута ја погоди гредата од слободен удар, а потоа беше заменет во 76. минута. Медиумите забележаа дека Лео бил изненаден од одлуката на тренерот Маурицио Покетино, како и дека не сака да му подаде рака на својот менаџер по излегувањето од игра.

Следниот натпревар на фудбалерите на ПС ќе биде на гостински терен против тимот на Метц.

Се вчитува...