Ефектен гол на Висар Муслиу за Ингелштад (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу само што се врати во редовите на својот клуб по репрезентативните активности веднаш стрелец за Ингелштад во 28. коло од Втората германска Бундеслига.

Муслиу ефектно со глава погоди во 28. минута за водство од 2-0 во овие моменти на Ингелштад против Ауе.

Ова е прв погодок за македонскиот репрезентативец по доаѓањето во германскиот клуб. Ингелштад го чека до крајот на сезоната тешка битка за опстанок во второлигашката конкуренција.

Се вчитува...