Египет ќе го предизвика Камерун во полуфиналето од Афричкиот куп

Египет се пласираше во полфуиналето од Афричкиот куп на Нации откако во четвртфиналната средба против Мароко славеше со 2-1 по продолженија.

Мароканците беа оние кои први поведоа преку Буфал во 7. минута по што ја задржаа предноста и до крајот на полувремето, а изедначување за Египет донесе Мо Салах во 53. минута.

Резултатот 1-1 остана на семафорот и до крајот на регуларниот дел, а победата на египетската репрезентација и ја донесе Трезаге. На крајот Египет имаше можност и за зголемување на предноста, но Салах не успеа повторно да го совлада голманот на Мароко.

Во полуфиналето „фараоните“ ќе се сретнат со Камерун кој славеше во натпреварот против Гамбија со 2-0.

Се вчитува...