Египетски адвокат ќе го тужи Серхио Рамос и ќе бара МИЛИЈАРДА ЕВРА за повредата на Мохамед Салах

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, нема да помине така лесно за повредата на египетскиот интернационалец Мохамед Салах. Сензационална вест пристигнува од Египет, дека адвокатот Басем Ваба, во името на народот на оваа земја, ќе поднесе тужба против Серхио Рамос и од него ќе бара фантастична сума во износ од една милијарда евра, поради повредата на нивниот национален миленик во пресрет на Светското првенство во Русија.

Рамос по еден дуел во првото полувреме го повреди Салах, кој ја напушти играта со болки во рамото. Првичните проценки беа дека тој ќе го пропушти мундијалот, но најверојатно ќе може да се врати на фудбалските терени за околу две седмици.

Сепак, египетскиот адвокат Басем Ваба ќе поднесе туба во името на народот на својата земја за „психичко и ментално вознемирување“, токму поради повредата на Мохамед Салах.

Се вчитува...