НБА: Уште двајца позитивни на Ковид-19, нема да играат во Орландо

Кошаркарите на Бруклин Нетс, Деандре Џордан и Спенсер Динвиди потврдија дека се позитивни на коронавирус, месец дена пред продолжувањето на сезоната во НБА лигата. Џордан потврди дека поради целата ситуација со пандемијата тој нема да биде дел од завршниот турнир во Орландо.

„Дознав синоќа и денеска потврдив дека сум позитивен на коронавирус, откако се вратив во Бруклин. Поради тоа нема да бидам дел од завршницата на сезоната во НБА“, напиша Џордан. 

Деандре Џордан е уште еден од плејадата кошаркари на Нетс кои се откажаа од настап во „Дизниворлд“, откако претходно истото го направија првите две ѕвезди на тимот Кевин Дурант и Кајри Ирвинг.

Се вчитува...