„Егзодус“ во Милан: Леао оди во Турција, останувањето на Модриќ и Рабио под знак прашалник

Чистката што ја презема сопственикот на Милан, Герини Кардинале, дефинитивно нема да заврши со отпуштање на директорите Џорџо Фурлани, Игли Таре, Жофре Монкада и тренерот Масимилијано Алегри. Се очекува клубот да се раздели со голем број играчи ова лето, пишува „Газета дело Спорт“.

Најконвертибилниот играч а кој се шпекулира зазаминување од „Сан Сиро“ дефинитивно е напаѓачот Рафаел Леао. Турските гиганти Галатасарај и Фенербахче покажуваат голем интерес за него , а неговата цена е 40-50 милиони евра.  Уште еден напаѓач – Никлас Фулкруг , кој е позајмен од Вест Хем, ќе се врати во Лондон наместо да биде купен за 5 милиони евра. Играчите од средниот ред Рубен Лофтус-Чик и Первис Еступињан исто така ќе бидат ставени на трансфер листа. Откако Сантијаго Хименез не постигна ниту еден шампионски гол оваа сезона, мексиканскиот напаѓач е исто така меѓу фаворитите за продажба.

Позицијата на ветеранот од средниот ред Лука Модриќ е нејасна. Сè уште постои можност 40-годишниот играч да се согласи да ја активира опцијата за продолжување на договорот што му истекува за уште една сезона. Сепак, квалификациите за Лигата на шампионите и останувањето со Алегри би ја гарантирале неговата желба да остане со „росонерите“, а вака сега е поблиску на „излезна врата“, но тој својата одлука околу иднината ќе ја донесе дури после Мундијалот.

Играчот од средниот ред Адриен Рабио, кој беше доведен минатото лето на експлицитно инсистирање на тренерот, исто така треба да одлучи за својата иднина. Дефанзивецот Страхиња Павловиќ имаше прилично добра сезона под водство на тренерот и клубот тешко би одбил понуда од Премиер лигата во вредност од околу 40 милиони евра. Фикајо Томори е другиот централен дефанзивец кој би можел да го напушти клубот во наредните месеци. Во нападот, иднината на Кристофер Нкунку останува нејасна.

Меѓу преостанатите играчи се капитенот и стартен голман Мајк Менгијан , дефанзивците Кони Де Винтер и Матео Габија , играчите од средниот ред Алексис Салемакерс и Давиде Бартезаги , како и напаѓачот Кристијан Пулишиќ, и покрај неговата кошмарна 2026 година, во која сè уште не постигнал ниту еден гол.

Неиграњето во ЛШ може многу скапо да ги чини „росонерите“, кои сега се соочуват со вистински егзодус.

Се вчитува...