Егзодус во ЦСКА: Грузиец, Швеѓанец, Литванец и Германец заминаа од Москва

Инвазијата на Русија над Украина не помина без последици ни во спортот, а откако Русите добија забрани за настап во меѓунардони натпреварувања дел од играчите се одлучија да заминат од земјата. Така е и во кошаркаркиот тим на ЦСКА каде Грузиец, Швеѓанец, Литванец и Германец во знак на поддршка на Украина се одлучија да ја напуштат Москва.

Станува збор за Торник Шенгелија, Ифе Лундберг, Мариуш Григонис и Јоханес Фојтман кои нема да се вратат во клубот се додека не заврши ситуацијата, потврди и московскиот тим.

„Од семејни и лични причини поврзани со моменталната ситуација помеѓу Русија и Украина, како и од можните последици од неа, Шенгелија и Лундберг ја напуштија ЦСКА. Во скоро време истото ќе го направат и Григонис и Фојтман. Постапките на играчите претставуваат прекршување на договорот и клупскиот правилник, но клубот има сочуствтво за ставот на секој од играчите. Нивниот статус ќе биде одлучен кога политичката и спортската ситуација во Европа ќе се стабилизираат“, стои во дел од соопштението на ЦСКА.

Се вчитува...