Егзон Бејтулаи потпишува за турски Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи од јануари следната година својата кариера ја продолжува во еден од најдобрите турски клубови, Трабзонспор.

Како што пренесуваат турските медиуми веќе се завршени преговорите на Трабзонспор со Шкендија и 25-годишниот Бејтулаи кој од јануари се очекува да се пресели во турскиот шампионат. Веќе подолг период Трабзонспор ги следи настапите на дефанзивецот на македонскиот шампион кој во континуитет игра во добра форма и во редовите на Шкендија и во националниот табор.

Егзон Бејтулаи во периодот од 2011 до 2013 година настапуваше за Тетекс од каде се сели во Шкендија, во чии редовите настапува шест сезони. За сениорската репрезентација на Македонија има осум настапи.

Се вчитува...