ЕХФ анализира: Новото име во Вардар, Ловро Јотиќ, меѓу потенцијалните ѕвезди во подем во ЛШ

Европската ракометна федерација засилено се подготвува за новата сезона. ЕХФ веќе прави анализи за силата на клубовите и за потенцијалот на играчите во претстојното првенство кое треба да почне во средината од септември и да го прекине мракот од елитен европски ракомет воведен поради пандемијата на коронавирусот.

Заслувањето на Вардар од Еурофарм Пелистер, Ловро Jотиќ, е вбројан меѓу десетте потенцијални ѕвезди кои би можеле да направат исчекор кон елитната група ракометари во актуелнава сезона од Лигата на шампионите. На листата се ракометари кои веќе блеснале во други натпреварувања и се на чекор го големи постигнувања и во елитното натпреварување.

„Ова е петта сезона за Ловро Јотиќ во Лигата на шампионите, но и натаму од него се очекува вистинското во ова ниво на натпреварување. 25-годишниот Јотиќ се селеше во седум клуба во седум сезони меѓу кои и двапати во Загреб, една во Алборг и лани во Еурофарм Работник. Ќе му треба доза на стабилност во Вардар за да го трансформира неговиот очигледен талент на плејмејкерската позиција во сериозен играч на бранителот на трофејот“ – стои во анализата на ЕХФ.

Покрај Ловро Јотиќ, на списокот се најдоа и: Елоим Пранди (ПСЖ), Емил Нилсен (Нант), Јосип Шарац (Целје), Александар Бонц (Елверум), Луиш Фраде (Барселона), Ласе Мелер (Флензбург), Даниел Душебаев (Келце), Диого Силва (Порто) и Феликс Клор (Алборг).

 

 

 

Се вчитува...