ЕХФ без милост: Удри по џебот на Вардар и Кјелце за инцидентите на меѓусебниот дуел во ЛШ

Полскиот и македонскиот шампион Кјелце и Вардар добија казна од ЕХФ за инцидентите што се случија на нивниот меѓусебен дуел во Полска во рамките на Лигата на шампионите.

Според одлуката на ЕХФ, Кјелце ќе мора да плати казна од вкупно 15.000 евра. Најпрво 5.000 евра поради неспортско однесување на играчите и дел од стручниот штаб на натпреварот против „црвено-црните“. Полјаците добија и дополнителна казна од 2.500 евра поради лоша организација на мечот, a ќе мора да плати и 7.500 евра поради банер со недолична содржина истакнат од страна на навивачите.

Македонскиот шампион Вардар, пак, помина со казна од 6.000 евра поради неспортско однесување на играчите и стручниот штаб, како и на исклучениот Вуко Борозан, кој ги напуштил трибините и се обидел да влезе на терен за време на судирите меѓу ракометарите на двете екипи.

Се вчитува...