ЕХФ е подготвен: Одредени нови датуми ако мора да се одложат Ф4 турнирите

Челниците на Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) преку соопштение информираа дека будно ја следат ситуацијата околу превентивните мерки што се преземаат за заштита од ширење на коронавирусот. Притоа, сегашен став е дека закажаните натпревари од осминафиналето во ЛШ, како и од следните рунди во ЕХФ Купот и од Лигата на шампионите за жени треба да се одиграат во веќе утврдените термини.

Сепак, во случај да дојде до ескалација на кризата, европската куќа на ракометот веќе утврди „резервни датуми“ на кои би се играле завршните турнири за распределба на европските трофеи за оваа сезона.

Така, фајналфор турнирот во „Ланксес Арена“ во Келн што треба да се одржи на 30 и 31 мај, би бил презакажан за 22 и 23 август. Завршниот турнир од ЕХФ-Купот наместо на 23/24 мај би се одржал на 30/31 август во Берлин, додека Ф4 турнирот од ЛШ за жени во Будимпешта наместо на 8 и 9 мај, би се играл во унгарската метропола на 5 и 6 септември.

Од ЕХФ потенцираат дека приоритет ќе биде завршните турнири да се играат во првичните термини, а конечната одлука ќе биде донесена на 17 април.

Се вчитува...