ЕХФ ЕВРО КУП: Црна Гора имаше сила за само едно полувреме против Норвешка

Репрезентацијата на Норвешка стигна до лесна победа на гостувањето кај Црна Гора со 27-32 во 3. коло од ЕХФ Евро купот. Црногорките имаа сила да му парираат на големиот фаворит само во првото полувреме во кое имаа негатива од еден гол 15-16.

Во вторите 30 минути Норвежанките уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до лесен триумф од 27-32. Кари Братсен Дале со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Радичевиќ заврши со девет погодоци.

Ракометната репрезентација на Македонија својот натпревар од третото коло во ова натпреварување ќе го одигра утре на гостински терен кај селекцијата на Словенија. За потсетување избраничките на Љубомир Савевски во првите два натпревари запишаа два порази од репрезентацијата на Црна Гора.

Во квалификациите за Европското првенство на кое и Македонија е еден од домаќините во дербито на денешниот ден Шпанија триумфираше на гостувањето кај Унгарија со 28-30.

Се вчитува...