ЕХФ ги додели вајлд-картите за ЛШ, Пелистер со празни раце

Вардар ќе остане единствен претставник на Македонија во Лигата на Шампионите откако ЕХФ денеска ги објави имињата на сите 16 екипи кои ќе бидат дел од елитното европско натпреварување во новата сезона. Вицешампионот Пелистер имаше доставено вајлд-карта за да стане дел од ЛШ, но барањето на битолчани беше одбиено, по што тие ќе се преселат во новоформираната Лига на Европа, каде ќе имаат директно учество во групната фаза.

Покрај Вардар, автоматски пласман во ЛШ имаат обезбедно и Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Кил, Фленсбург, Веспрем, Киелце и Порто. Од 14-те екипи кои имаа испратено барање да бидат вклучени во елитното друштво, врз основа на неколку различни критериуми (ТВ-права, сала, гледачи, резултати од претходни натпреварувања), ЕХФ донсе одлука во новата сезона да ги вклучи Пик Сегед, Нанд, Брест Мешков, Елверум, Целје и Мотор.

Доколку некој од овие 16 тимови не биде во можност да се натпреварува во Лигата на Шампионите, за „резерви“ за влез во елитното натпреварување беа избрани Висла Плоцк и Динамо Букурешт.

Ждрепката со која ќе биде утврден распоредот на натпреварување ќе се одржи на 1 јули во Виена.

Се вчитува...