ЕХФ ги менува правилата: Изолацијата се намалува на 5 дена за да биде избегнат хаос на ЕП

ЕХФ сериозно размислува во „пет до дванаесет“ да го промени контроверзното правило кое вели дека сите ракометари кои ќе се заразат од коронавирус во подготовките за ЕП 2022, ќе можат да се приклучат на своите репрезентации 14 дена од датумот на добиениот позитивен тест.

Ова може да предизвика хаос откако речиси сите репрезентации пријавија позитивни ракометари во текот на подготовките, а селекција како Србија со десетина заразени ќе мора да ја одигра целата прва фаза со „втора екипа“. Поради ова, европската куќа на ракометот планира да го модифицира ова правило, па наместо 14 дена, камбекот да биде дозволен за најмалку пет дена по заразувањето, веднаш штом ракометарот добие два негативни теста.

Информацијата прв ја објави порталот „Хендбол планет“, кој се повикува на извори од ЕХФ. Се очекува ова да се реализира во наредните 48 часа, пред селекторите да ги објават и конечните списоци на патници за првата фаза од европскиот шампионат.

Се вчитува...