ЕХФ ГИ ОБЈАВИ ШЕШИРИТЕ: Македонија не може против Франција, Исланд, Чешка…

Македонската ракометна репрезентација ќе се најде во третиот шешир при извлекувањето на групите за ЕП 2022, откако „црвено-жолтите“ како второпласирани ги минаа квалификациите и обезбедија учество на уште едно големо натпреварување.

Заедно со Македонија дел од овој трет шешир се уште и Франција, Чешка, Исланд, Белорусија и Словачка, селекции со кои Македонија нема да може да се сретне на овој европски шампионат.

Уште пред ждрепката се одредени шест селекции кои ќе играат во по еден од градовите домаќини, па така Чешка ќе ги игра своите средби во Братислава, во втората група во Братислава за „домаќин“ е одредена Германија, Кошице е „резервирано“ за ко-домаќинот Словачка, Унгарија групната фаза ќе ја игра во Будимпешта, а Словенија веќе го резервираше Сегедин за своја „база“.

Ждрепката за ЕП 2022 ќе се одржи на 6 мај со почеток во 17 часот.

ШЕШИР 1: Шпанија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија.

ШЕШИР 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија.

ШЕШИР 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција.

ШЕШИР 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Литванија, БиХ.

Се вчитува...