ЕХФ ги одреди термините за Вардар – Пик Сегед

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди термините за осминафиналните мечеви во Лигата на шампионите. Актуелниот ракометен европски шампион Вардар ќе се сретне со  унгарскиот Пик Сегед. Во реприза на минатогодишното четвртфинале повторно во првиот меч домаќин ќе биде нашиот шампион, а натпреварот е закажан за 22. март со почеток во 17 часот. Реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Сегедин во истиот термин.

Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против подобриот од двомечот меѓу полската Висла и унгарскиот Веспрем.

1/8 ФИНАЛНИ ПАРОВИ: 

ВАРДАР – Пик Сегед 

Висла Плоцк – Веспрем 

Целје – Киелце 

Динамо Б. – ПСЖ

Алборг – Порто 

Монтпелје – Фленсбург 

Се вчитува...