Ракометарите на Магдебург дојдоа до петтиот трофеј во својата историја во Лигата на шампионите, втор во последните три години. И сосема очекувано, нивните ракометари ги освоија најзначајните признанија.
Така ракометарот Гисли Кристијансон го понесе епитетот најкорисен играч на Ф4 во Келн, односно наградата МВП. Неговиот соиграч, пак, Матијас Гидсел беше најдобар стрелец во овогодинашната Лига на шампиони со 135 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА