ЕХФ го бира дрим-тимот: Дибиров рамо до рамо со Хансен, Остроушко меѓу 50-те најдобри

Тимур Дибиров е единствениот ракометар на Вардар што се наоѓа меѓу 50-те кандидати за дрим-тимот на Лигата на Шампионите за сезоната 2019/20. Сезоната ќе финишира дури на крајот од годинава, но ЕХФ од утре ќе го почне официјалното гласање за најдобрите.

Покрај Дибиров, само уште Микел Хансен од ПСЖ е во конкуренција за да си го задржи местото што двајцата го имаа во идеалниот тим од ланската сезона во елитното европско натпреварување.

На листата за најдобар лев бек конкурира и Украинецот Остроушко од тимот на Работник, единствен претставник на битолскиот клуб меѓу 50-те номинирани ракометари и тренери во вкупно десет различни категории. Кил и Веспрем водат со по седум кандидати на овие листи пред ПСЖ со шест и Барселона со пет ракометари кои конкурираат за дрим-тимот во Лигата на Шампионите.

 

Голман: Андреас Волф (Киелце), Арпад Штербик (Веспрем), Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Никлас Ландин (Кил) – избор на тренери, Роланд Миклер (ПИК Сегед)

Лево крило: Уго Дескат (Монпелје) – избор на тренери, Тимур Дибиров (Вардар), Себастијан Бартолд (Алборг), Диого Бранкињо (Порто), Мануел Штрлек (Веспрем).

Лев бек: Владислав Остроушко (Работник), Сандер Сагосен (ПСЖ) – избор на тренери, Анте Кадуз (Динамо Букурешт), Лукас Нилсон (Кил), Расмус Лауге (Веспрем)

Среден бек: Барис Пухоски (Мотор Запорожје), Петар Ненадиќ (Веспрем), Лука Циндриќ (Барселона) – избор на тренери,
Микел Хансен (ПСЖ), Домагој Дувњак (Кил)

Пивот: Бенс Банхиди (ПИК Сегед) – избор на тренери, Хенрик Пекелер (Кил), Артем Каралек (Киелце), Јоханес Гола (Флензбург),
Камил Сипжак (ПСЖ).

Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце) – избор на тренери, Валентин Порт (Монпелје), Амин Банур (Динамо Букурешт), Хорхе Македа (ПИК Сегед), Недим Ремили (ПСЖ).

Десно крило: Никлас Екберг (Кил), Валентин Јонеа (Спортинг), Богдан Радивојевиќ (ПИК Сегед), Драган Гајиќ (Веспрем), Блаж Јанц (Киелце) – избор на тренери.

Најдобар дефанзивец: Патрик Винцек (Кил), Блаж Благотиншек (Веспрем), Хенрик Мелгард (Алборг), Виран Морос (ПСЖ), Тиаго Петруш (Барселона) – избор на тренери

Најдобар млад ракометар: Александар Блонц (Елверум), Јосип Шарац (Целје Пивоварна Ласко), Алекс Гомез (Барселона), Золтан Шита (Висла Плок), Андре Гомез (Порто) – избор на тренери.

Најдобар тренер: Чави Пасквал (Барселона) – избор на тренери, Раул Гонзалез (ПСЖ), Филип Јиха (Кил), Давид Дејвис (Веспрем),  Магнус Андерсон (Порто)

Се вчитува...