ЕХФ го избра дрим-тимот, нема место за „вардарци“

Ниту еден ракометар на Вардар не се најде во идеалниот тим на Лигата на Шампионите за сезоната 2019/2020, што денеска беше објавен од страна на раководството на ЕХФ. По ланската доминација, во овогодинешниот идеален тим нема место за ниту еден ракометар на Вардар, сосема очекувано со оглед на променливите игри и резултати на „црвено-црните“ во турбулентната сезона.

Тимур Дибиров беше единствениот што се најде на листата на кандидати, но Русинот сепак ја загуби трката за најдобро лево крило, што ја доби Мануел Штрлек од Веспрем. За најдобар голман е избран Никлас Ландин, бековските позиции се резервирани за Сагосен и Хансен од ПСЖ и за Алекс Душебајев од Киелце, а во овој дрим-тим има место и за Банхиди од Пик Сегед, Балготиншек од Веспрем, Екберг од Кил, Алеиш Гомез од Барселона, а тренер на сезоната е Давид Дејвис од Веспрем.

ИДЕАЛЕН ТИМ

Голман: Никлас Ландин (Кил)

Лево крило: Мануел Штрлек (Веспрем)

Лев бек: Сандер Сагосен (ПСЖ)

Среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Пивот: Бенс Банхиди (Пик Сегед)

Десен бек: Алекс Душебајев (Киелце)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Одбрана: Блаж Благотиншек (Веспрем)

Тренер: Давид Дејвис (Веспрем)

Млад играч: Алеиш Гомез (Барселона)

Се вчитува...