ЕХФ го казни Кјелце за навредливиот транспарент кон Дибиров

Дисциплинската комисија на ЕХФ го казни полскиот шампион Кјелце за навредливиот транспарент на неговите навивачи кон ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров на мечот во Лигата на шампионите во ноември минатата година.

Навивачите на Кјелце објавија транспарент со порака: „Тимур, е.и се“, до вардаровиот ракометар. Тоа очекувано не помина незабележано од ЕХФ која го казни полскиот шампион со 15.000 евра, или 7.000 евра доколку овој настан не се повтори во следните две години.

Минатата сезона и симаптизерите на Вардар имаа транспарент со порака до тренерот на Кјелце: Талант –петух“ (Талант – пе.ер). Вардар тогаш беше казнет со идентични 15.000 евра.

Се вчитува...