ЕХФ го одложи мечот Пик Сегед – ПСЖ

Пресметката меѓу Пик Сегед и ПСЖ што требаше да биде дерби дуел на отворањето на новата сезона од Лигата на Шампионите е одложена, одлучи ЕХФ по појавувањето на коронавирус во редовите на унгарскиот вицешампион.

Ракометарите на Пик Сегед од вчера се во самоизолација откако најмалку еден член на клубот бил позитивен на Covid-19, а во текот на денешниот ден врз нив ќе бидат извршени нови тестирања.

„Пик Сегед испрати информација за позитивен тест, поради што унгарскиот тим ќе мора да мине подолг период во карантин согласно препораките на властите во државата. Под овие околности, јасно е дека не постои можност за одигрување на натпреварот в четврток, па новиот датум ќе биде утврден по консултациите со двата клуба“, објави ЕХФ.

Се вчитува...