ЕХФ го откажа Ф4 од ЛШ за жени

Европската ракометна федерација донесе одлука да го откаже фајнал-фор турнирот во женската Лига на шампиони. Турнирот поради пандемијата од коронавирусот беше одложен за септември годинава, а традиционално требаше да се одржи во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта.

Сепак, од ЕХФ донесоа одлука да го откажат поради пандемијата и ризикот од проширување на заразата. Здравјето на ракометарките е на прво место и во овој момент е невозможно да се одржи поради пандемијата од вирусот.

Оваа одлука не го менува стартот на новата сезона во елитното натпреварување кој е закажан за 12/13 септември. Околу машкото издание останува одлуката Ф4 турнирот да се игра во Келн во декември.

Се вчитува...