Голманот на Еурофарм Пелистер и на македонската репрезентација Никола Митревски, беше најзаслужен за победата на својот тим против Висла Плоцк во 10. коло во Лигата на шампионите.
Тој на мечот во вториот дел запиша девет одбрани, кои беа клучни да му ја донесат победата на неговиот тим во дуелот со полскиот претставник.
Митревски покрај тоа што ја има третата најдобра одбрана за 10-то коло при резултат 15-11, исто така се најде во тимот на колото на ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА