Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука по спорниот натпревар меѓу БиХ и Швајцарија во корист на Швајцарците. Натпреварот Тузла кој заврши со победа на БиХ со 21-15, но ЕХФ го регистрира со службен резултат 10-0 за Швајцарците. Со оваа одлука, Швајцарија го освои првото место во квалификациската група 6 и ќе игра во јунскиот бараж за СП 2019 против Норвешка.
Репрезентацијата на БиХ по победата во Тузла избори пласман во баражот, но мечот беше оспорен од Швајцарците кои поднесоа жалба во ЕХФ поради настапот на Томислав Нуиќ кој не бил на списокот на пријавени играчи. Нуиќ одигра седум минути и постигна еден гол, но сето тоа на крај БиХ ја чинеше елиминација од баражот. Надлежните во ЕХФ во образложението на одлуката утврдуваат дека вината за пропустот е на официјалните лица од репрезентацијата на БиХ кои ја потврдуваат листата на играчи и го потпишуваат извештајот од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА