ЕХФ: Лазаров и Македонија една од најубавите приказни во ЕВРО квалификациите

Кирил Лазаров на најдобар начин ја почна авантурата на клупата на ракометната репрезентација на Македонија. Во своето деби Лазаров успеа со 33-29 да слави над актуелниот светски шампион Данска. Тоа беше доволно Европската ракометна федерација да го стави во топ 4 најубавите приказни од прозерецот во европските квалификации.

„Кирил Лазаров за првпат го вкуси тренерското искуство кое беше навистина слатко. Како играч-тренер, легендарниот бек одлучи да мине повеќе време на теренот, па тој заедно со подмладената Македонија ја запишаа првата победа против актуелниот светски првак Данска со 33-29. Лазаров за вториот дуел се посвести само на тренерската задача, и може да се каже дека беше поинакво искуство. Гордоста на Данска беше повредена, па славеше со 37-21, оставајќи го Лазаров со многу теми на размислување пред последните две средби од квалификациите“, стои во текстот на ЕХФ. 

 

Се вчитува...