ЕХФ Лига на Европа: Цупара царуваше во Данска, Хановер елиминиран од Савехоф

Динамо Букурешт се пласираше во четвртфиналето од ЕХФ Лигата на Европа откако романскиот гигант славеше и на вториот осминафинален дуел со Бјеринбро Силкеборг, овојпат на гостински терен со . Динамо имаше водство од 37-34 од првиот меч, но Данците важеа за фаворити на овој меч. Сепак романскиот состав на својот гол го имаше извонредниот Цупара, српскиот голман блескаше и со 22 успешни интервенции го предводеше својот тим кон четвртфиналето.

Динамо супериорно го отвори мечот токму благодарение на Цупара, по првите петнаесетина минути имаше дури девет гола предност, по штo тимот на Чави Пасквал го одржа водството до самиот крај, триумфирајќи за конечни 24-27 за место во четвртфиналето каде Динамо Букруешт го очекува нов ривал од Данска, екипата на Скјерн. Најефикасни во вечерашната победа беа Акименко со седум и Рошта со шест погодоци.

Шведски Савехоф со импресивна игра на реваншот на домашен терен го декласираше Хановер со 34-25, надополнувајќи ја на тој начин негативата од четири гола што ја имаа по првиот меч. Савехоф негативата ја надополни веќе по првото полувреме (18-14), за шведскиот тим во вториот дел да го дотолчи противникот и да си обезбеди место во четвртфиналето и двомеч со Фленсбург.

Се вчитува...