И ЕХФ апсолутно нема сомнеж кога е во прашање изборот на најдобрите навивачи во нокаут четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.
„Пеколот“ во „Јане Сандански“ и вардаровите навивачи се оценети како вистинска спортска фантазија, а најверните поддржувачи на „црвено-црните“ бои, сите оние повеќе од 6.000 во нашата најголема сала, се издвоени од страна на Европската ракометна федерација како фанови број 1 од нокаут-фазата во ЛШ…
Феноменалната вчерашна атмосфера во „Јане Сандански“, и моментите издвоени од ЕХФ под мотото „Еден живот, една љубов!“, може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА