ЕХФ објави: Раул Гонзалес тренер на годината, Душебајев најдобар десен бек

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Вардар е меѓу најзастапените клубови во идеалниот тим на Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017, во изборот чиј резултат ЕХФ го објави на 24 часа пред почетокот на фајналфор турнирот во Келн. Раул Гонзалес по историскиот успех и пласманот на Ф4 заслужено е избран за тренер на годината во ЛШ, додека Алекс Душебајев го доби признанието за најдобар десен бек, пред македонскиот ас Кире Лазаров.

Епитетот најдобар голман му припадна на Гонзало Перез де Варгас, а Барселона има уште еден претставник во овој дрим-тим, десното крило Виктор Томас. Најдобар среден бек е Никола Карабатиќ, кому друштво од ПСЖ му прават левиот бек Микел Хансен и левото крило Уве Генсхајмер.

Дрим-тимот за 2016/2017 година го комплетира Лудовик Фабрегас, пивотот на Монпелје, а за доминацијата на ПСЖ во овој идеален тим да е комплетна, за најдобар млад играч избран е Недим Ремили, а најдобар дефанзивец е Лука Карабатиќ.

Се вчитува...