ЕХФ потсети: Чупиќ погоди, Вардар стана европски шампион (видео)

ЕХФ ја користи паузата на ракометната сцена за потсетување на најинтересните натпревари од последните сезони во Лигата на шампионите. Така, европската куќа на ракометот вечерва објави видео од самата завршница од супердраматичното финале во 2017 година, кога Вардар со гол во последната секунда го совлада ПСЖ и се искачи на врвот на ракометна Европа.

„Светците“ на десетина секунди до крајот успеаја да израмнат преку Нарсис, по што Раул Гонзалес побара тајмаут. „Вардарци“ беспрекорно го одработеа последниот напад, беше создаден вишок на крило по што Иван Чупиќ, а Хрватот го матираше Омејер за огромна радост на македонската публика, но и на бројните неутрални фанови кои во „Ланксес Арена“ го бодреа нашиот првак.

За Вардар ова беше прва европска титула во историјата, а Чупиќ стана првиот ракометар во историјата со две титули по ред во ЛШ, откако една година претходно до круната стигна и како член на Киелце.

Се вчитува...