ЕХФ потврди: ЛШ се намалува на 16 екипи, нема веќе средби во викенди…

Европските купови во ракомет ќе претрпат значајни промени откако Извршниот Комитет на ЕХФ на денешниот состанок во Париз ги прифати понудените предлози за промена во системот на натпреварување.

Така, Лигата на шампионите почнувајќи од 2020 година ќе брои 16 екипи поделени во две групи од по осум. Екипите од третото до шестото место ќе играат во нокаут-фазата, а победниците од овие дуели ќе се пласираат во четвртфинале, заедно со двете првопласирани екипи од двете групи. Европскиот првак ќе биде решен на фајналфор турнир, што според новиот потпишан договор ќе се игра во Келн најмалку до 2024 година. Изгласан беше и предлогот повее да нема елитен европски ракомет за време на викендите, туку сите натпревари од ЛШ да се играат во среда и четврток.

Воедно, официјализирано е формирање на „Европска ракометна лига“, кое по ранкинг и квалитет би требало да биде второ европско натпреварување, зад Лигата на шампионите. Екипите што нема да бидат дел од ЛШ ќе се борат во Европската лига, која ќе брои 24 учесници поделени во четири групи во машка конкренција и 16 екипи поделени во четири групи во женска конкуренција.

Челинџ-купот, кој важи за трето натпевари по квалитет во европскиот ракомет, ќе биде преименувано во ЕХФ-куп почнувајќи од сезоната 2020/2021.

Воедно, ЕХФ го изгласа и календарот за натпреварување за сезоната 2020/21, со што им гарантира на врвните ракометари нешто подолг одмор од вообичаено. Челниците на европскиот ракомет ова ќе го направат со поместување на квалификациските средби, кои наместо кон средината на јуни ќе се играат на крајот од април и почетокот на мај.

Се вчитува...