ЕХФ потврди: Вардар – Монпелје со почеток во 18 часот

ЕХФ ги објави и дефинитивните термини за одигрување на полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите, на фајналфор турнирот во Келн на 26 мај.

Полуфиналната пресметка меѓу Вардар и Монпелје е втора на програмата, со почеток во 18 часот, откако претходно Нант и ПСЖ ќе ги одмерат силите со старт во 15.15 часот.

„Вардарци“ и лани го играа второто полуфинале, тогаш против Барселона, успевајќи да слави на дуелот со Барселона со голот на Циндриќ во последната секунда.

Се вчитува...