ЕХФ прашува кој е најдобар голман во ЛШ сезонава, а констатира дека тоа е Никола Митревски (ФОТО)

На официјалната страна на Лигата на шампионите на социјалните мрежи излезе пост со прашање кој е најдобар голман сезонава во Лигата на шампионите. Интересно е тоа што токму од ЕХФ се одлучи на фотографија на овој пост да биде нашиот голман Никола Митревски.

Митревски е дел од Порто и од меч во меч покажува дека во моментов е еден од најдобрите голмани во Европа, нешто што го потврдуваат и од ЕХФ.

 

Се вчитува...