По првичните најави изминативе денови дека на престојните најголеми светски ракометни собири ќе може да учествуваат единствено вакцинирани ракометари, последните информации говорат дека ИХФ и ЕХФ и дефинитивно се пред одлука да воведат мерка за заштита од пандемијата која зема се поголем замаф на Стариот континент.
Во насока на преземање дополнителни мерки за заштита од коронавирусот од ЕХФ размислуваат на престојното Европско првенство за мажи кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и во Словачка, а на кое ќе учествува и Македонија, да воведат правило за задолжителна вакцинација меѓу ракометарите и членовите на стручните штабови.
„Точно е дека се размислува на Светското првенство за жени во Шпанија и Европското првенство за мажи во Словачка и Унгарија да може да играат само вакцинирани ракометари“ – истакна претходно претседателот на Бундеслигата, Уве Швенкер.
За наредниве денови се најавува и официјална средба на челниците на ЕХФ за донесување мерки како би се заштитил европскиот шампионат од несакани моменти поврзани со пандемијата на коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА