ЕХФ се потсетува – Големиот Кире знае да ја искористи секоја секунда (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација се потсети на капитенот на репрезентацијата на Македонија Кирил Лазаров. Тие со видео ја потсетија јавноста на победничкиот гол на нашиот капитен од последното Европско првенство, кога буквално со звукот на сирената стрелаше за победа на нашата репрезентација над Украина. Македонија го доби мечот со 26-25, но и покрај победата над Украина нашите ракометари не успеаја да се пласираат во втората фаза од шампионатот.

 

 

View this post on Instagram

 

Every second counts ? #ehfeuro2020

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro) on

Се вчитува...