Македонија немаше среќа на денешната ждрепка за групната фаза за европскиот шампионат што од 10 јануари до 28 јануари ќе се одржи во Германија.
Домаќинот Германија, повеќекратниот европски првак Франција и селекцијата на Швајцарија се ривалите со кои нашата репрезентација ќе се сретне во рамките од групата А во Берлин, од каде само најдобрите две селекции ќе се пласираат во следната фаза.
Веќе е познат и распоредот, па така Македонија уште на првиот натпреварувачки ден, на 10 јануари ќе се сретне со големиот фаворит Франција.
Според распоредот на официјалната страница на ЕХФ, нашите ракометари на 14 јануари ќе се сретнат со Германија, а во последното коло ќе ги очекува дуел со Швајцарија, меч закажан за 16 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА