ЕХФ со видео осврт на ЕП: Шраубата на Столе и „Фалангата“ се моменти кои засекогаш ќе се паметат!

Во пресрет на завршните битки кои ќе ги дадат медалистите на Европското првенство во Хрватска, ЕХФ низ 90 секунди „видео-тура“ се потсетува на изминатите недели врвни ракометни возбудувања.

А, според ЕХФ, меѓу моментите кои засекогаш ќе се паметат од овој европски шампинат се и прекрасниот погодок на Стојанче Стоилов против Германија кој беше избран и за најубав гол по првата фаза во групите Ц и Д од ЕП, но и македонската „Фаланга“ која повторно, како и на многу претходно ракометни собири, беше декор за посебен шарм на натпреварувањето…

Се вчитува...