Европскиот шампион Вардар не е веќе меѓу Топ 10 најголеми фаворити во ЛШ за оваа сезона. На последното рангирање „црвено-црните“ воопшто ги нема во проекцијата на ЕХФ.
На првата позиција се наоѓа Кил го растури Вардар во Скопје, а потоа следуваат Барселона, ПСЖ, Алборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, нововлезениот Бидасоа, Порто и Динамо Букурешт.
Вардар се наоѓа на четвртото место со шест бода во групата Б, со три бода зад лидерот Кил. „Црвено-црните“ овој викенд го пречекуваат Мешков Брест во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА