Еј-Би-Си: Ѓоковиќ е неблагодарник број еден

Шпанскиот медиум „Еј-Би-Си“ упати жестоки критики кон рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ, а на наслов на својот текст напишаа „неблагодарник број еден“. Притоа Шпанците застанаа во одбрана на својот сонародник Надал, како и Роџрер Федерер.

Шпанците пишуваат дека Србинот никогаш нема да ја достигне попиларноста на Надал и Федерер и покрај тоа што има освоено 18 „гранд-слам“ титули. На Србинот му замеруваат за „сомнителните повреди“, организирањето на „Адриа Тур“, а ја споменуваат и судијката која Ѓоковиќ ја погоди со топка на УС Опен.

„Без сомнение го организираше турнирот во најдобра намера со цел да им се помогне на оние на кои им е најтежно во времето на пандемија. Со полни трибини, навивачи без маски, без дистанца. Неколку играчи се заразија со вирусот вклучувајќи го и него и неговата сопруга. Не беше случајно тоа што ја погоди линиската судијка па беше избркан од УС Опен“

„Еј-Би-Си“ се осврна и на „феј-плеј“ наградите кои ги освојуваат Надал и Федерер, за разлика од српскиот интернационалец кој освојува титули.

„На теренот се стекнува почитта. Федерер е тој кој и без играње победува со освојување на „фер-плеј“ наградите од година во година. Тој има 18 признанија за омилен тенисер меѓу навивачите. Надал тоа го направи со четири награди и неговиот спортски дух. Тоа се емотивни предизвици кои засега се недостапни за светскиот рекет број еден. Луѓето ги критикуваат неговите имитации, неговите сомнителни повреди, а ни удирањето на судиите не му помага. Надал и Федерер ги делат „феј-плеј“ наградите меѓу себе и се омилени помеѓу навивачите“ – стои во текстот на медиумот.

Се вчитува...