Кошаркарот на Гостивар, Ејасу Ворку, испиша историја откако со извонредното издание на денешниот дуел со МЗТ Скопје стана прв странец што остварил трипл-дабл на еден меч од македонскиот шампионат.
Ворку немаше свој шутерски ден од далечина (1/8), но затоа беше беспрекорен во сите останати елементи од кошаркарската игра, завршувајќи го натпреварот со 23 поени, 11 скока и 11 асистенции, надополнети со четири украдени топки. Извонредниот меч на Американецот не беше награден и со триумф, бидејќи Гостивар во самиот финиш го загуби мечот со шампионот со минимални 78-75.
Претходната сезоната до трипл-дабл стигна искусниот Димитар Караџовски, кој како член на Кожув на дуелот со Вардар реализираше 15 поени, 11 асистенции и 10 скока. Пред Караџовски, вакви одлични изданија во мак-баскетот имаа уште: Горан Главчев, Едис Нури, Горан Самарџиев, Тони Симиќ, Никола Караколев, Предраг Самарџиски и Адем Мекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА