ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Милан – Рома                 1

„Росонерите“ по фуриозниот старт на ланската, во идентичен стил ја стартуваа и новата сезона од Калчо-лигата. Избраниците на Пиоли заслужено се на врвот, се снајдоа и на неколкуте натпревари без Златан Ибрахимовиќ, на камбекот на шведскиот голгетер славеа на градското дерби со Интер, а сега се очекува во ист стил да продолжат и против Рома.

Гостите имаат проблем со одбраната, Смолинг е повреден, а Мансини е позитивен на Covid-19, па јасно е дека „волчицата“ ќе се мачи да го запре атомскиот напад на „росонерите“. Милан славеше на последните две домашни средби против Рома (2-0 и 2-1), серија што ќе ја продолжи и на вечерашната дерби-пресметка.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Барнли – Тотенхем               0-2 гола

Баер Л. – Аугсбург                 3+

Брајтон – ВБА                         1 и 2+

ЦСКА М. – Арсенал Тула    1 и 2+

Се вчитува...