ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Тотенхем – Брајтон          1 и 2+

Жозе Мурињо жестоко ги критикуваше своите фудбалери за очајното издание во ЛЕ против Антверпен, а реакцијата се очекува на вечерашната пресметка на домашен терен против Брајтон. „Спарси“ несреќно загубија бодови на последните домашни средби во Премиер-лигата (од 3-0 до 3-3 со Вест хем и 1-1 со гол од пенал во 95. минута со Њукасл), но вечерва би требало да стигнат до сигурен триумф и да продолжат да се искачуваат нагоре на премиерлигашката табела.

Во прилог им оди и традицијата која вели дека на петте последни средби со Брајтон, секвупно во сите натпреварувања, има пет победи, не примајќи гол на три од овие натпревари.

Згора на тоа, гостите ќе допатуваат ослабени, без главниот дефанзивец Данк, кој е суспендиран, со што дополнително ќе им се олесни задачата на Кејн, Сон и на останатите офанзивни фудбалери на „спарси“.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Наполи – Сасуоло               1 и 2+

Торино – Лацио                  1х и 2+

Стандард – Остенде           ГГ 3+

Манчестер Ј. – Арсенал    1х и 3+

Се вчитува...