ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Валенсија – Атлетико М.                  2 и 2+

Валенсија се соочува со огромни финансиски проблеми, летово си заминаа дел од клучните фудбалери, а среде сезона клубот го напуштија и Кондогбија, кој се пресели токму во Атлетико Мадрид. Згора на тоа, при последниот меч со Алавес се повреда и најдобриот стрелец Гаја, што ќе претставува уште поголем проблем за дуелот со Атлетико. Покрај Гаја повредени се уште и првиот голман Силесен, како и Черишев и Дијакаби.

Атлетико влезе во вистински ритам, освои 15 бода во последните пет кола од Ла Лига и заостанува само три бода, но има и два меча помалку од лидерот Реал Сосиедад. Тимот на Диего Симеоне делува доминантно на шпанските натпревари, а по разочарувачкото реми со Локомотив Москва во ЛШ за очекување е „јорганџиите“ да одиграат на уште повисоко ниво во Валенсија и да стигнат до цел плен на овој меч.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Хуеска – Севилја                   2

Евертон – Лидс                      3+

Борусија М. – Шалке           1 и 3+

Аталанта – Верона               1 и 3+

Се вчитува...