ЕКИПА.МК донираше за помош на дечињата од ХОПС

Редакцијата на ЕКИПА.МК беше дел од донаторската аукција на невладината организација ХОПС, организирана за собирање на финансиски средства за помош на дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници. Купениот дрес од РК Вардар ќе биде дониран токму на едно од дечињата за кои беше организирана оваа хуманитарна донаторска аукција.

„Како недостиг на финансии имаме потреба да мрдаме со прст и да направиме нови акции за да можат нашите дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме и посети на културни и социјални активности“, истакнаа одговорните од ХОПС.

ЕКИПА.МК беше само еден мал дел од многуте донатори кои се појавија на оваа донаторска аукција и одговорија на повикот на ХОПС.

Со свои донации оваа хуманитарна вечер ја помогнаа и ФФМ, УНИЦЕФ, претставници на странските амбасади и невладините организации, политички партии и нивни лидери како и многу други компании и личности, кои купија дел од изработките на дечиња, но и врвни уметници, како  Ване Костуранов, Зоран Кардула, Индог, Тони Попов, Вања и Катја Штркова, Ирина Тошева, Галерија Анагор…

Манифестацијата што се одржа во Јавна Соба ја водеше Сашко Коцев, кој на интересен начин истакна „иако сите франци ги изнесоа од државата, можете слободно да купувате во денари и во евра“.

[new_royalslider id=”595″]

Се вчитува...