Екипа Топ 5: Идеална петорка на 1. коло во ПЛМ (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Новата сезона во Првата македонска кошаркаркса лига донесе шест возбудливи натпревари кои наговестија неизвесност до самиот крај. Во првиот натпревар на сезоната стигна и првото изненадување откако Феникс 2010 успеа да го одбрани домашниот терен од фаворизираната Академија ФМП. Работнички триумфално помина низ Аеродром против МЗТ Скопје 2, а во првиот ден од натпреварувањето славеше и Еуро Никел во дуелот против Гостивар благодарение на перфектна завршница.

Вториот ден од прогамата ни донесе и АБА-лигашки натпревар во Битола каде се сретнаа Пелситер и МЗТ Скопје, а битолчани како и претходната сезона успеаја да го одбранат домашниот терен. Првото коло беше комплетирано со вчерашните натпревари помеѓу Кожув и ТФТ, односно Куманово и Ангели на кои на победи се радуваа „црно-белите“ и „сино-белите“.

Во идеалната петорка на колото место има за разигрувачот на Пелистер, Бобан Стајиќ кој со 23 поени и 4 асистенции ги предводеше „зелено-белите“. Одличен натпревар одигра и легендарниот бек на Еуро Никел, Дарко Соколов кој со 18 поени, 6 скока и 6 асистенции блескаше во „Јасмин“. Тука е и неговиот соиграч, Предраг Самарџиски кој во дебито за „сино-белите“ постигна 21 поен, а додаде и 4 скока и 2 асистенции.

Ландриус Хортон беше предводникот на ТФТ во Гевгелија со 24 поени, 8 скока, 2 украдени топки, а притоа Американецот не забележа ниту една изгубена топка. Сличен натпревар одигра и неговиот сонародник од редовите на Феникс 2010, Двејн Морган кој го предводеше новајлијата до победа со 24 поени, 9 скока и 2 блокови, без изгубена топка.

 

Се вчитува...